По сек скандалот, Руската црква го пензионира Иларион Алфеев

Date:

Share post:

Иларион Алфеев, некогаш највлијателна личност во руската православна црква ќе заврши како пензиониран владика по скандалот во кој беше поврзан за сексулано вознемирување на младо момче.

Комисијата за проучување на состојбата во Будимпештанско-унгарската епархија, каде беше преместен Алфеев по почетокот на руската инвезија во Украина, ја завршила својата работа и одлуката препорачува пензионирање на Алфеев и одрфедување место за неково покајание, поради неговиот однос кон поблиското опкружување.

– Да се ​​замоли Претстојателот на Руската православна црква, во согласност со правото што му го дава Уставот на Руската православна црква – да му укаже на митрополитот Иларион за неконзистентноста помеѓу карактерот на неговиот однос со поблиското опкружување и неговото секојдневие како монах и свештенослужител, стои во заклучокот од Комисијата.

Во следниот заклучок, Комисијата препорачува „Да се ослободи Преосветениот митрополит Иларион од управувањето со Будимпештанско-унгарската епархија и да се испрати на покој (да се пензионира).“

Како место за служење на Иларион му се определува храмот на светите првоврховни апостоли Петар и Павле во Карлови Вари (Р. Чешка)

Иларион Алфеев во Будимпештанско-унгарската епархија ќе го замени Митрополит Рјазански и Михајловски Марко.

1 COMMENT

  1. Сексуално вознемирување немало, само о. Иларион Алфеев излегол од конвенционалните рамки на репрезентативниот пастирски подвиг (просекот).

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img