Архиепископот Стефан му го честитал именденот на Бугарскиот патријарх Даниил и му посакал долги години да служи на престолот на БПЦ:
-Ваша Светост, Од името на Светиот архијерејски синод на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, од Свое и од името на целата полнота на нашата Помесна Црква, Ви го честитаме именденот на Вашиот небесен закрилник – преподобниот Даниил Столпник. Срдечно честитајќи Ви го именденот Ви посакуваме добро здравје, мирни денови и долги години да служите на престолот на сестринската Бугарска Црква, постојано укрепувани од застапништвото на Мајката Божја, Пресветата Богородица, како и од Милостивиот Спасител Господ Исус Христос. Со љубов во Господа, Ваш брат и сомолитвеник, Архиепископ Охридски и Македонски, Стефан, стои во честитката.

