МПЦ-ОА со поддршка за Антиохиската црква по настаните во Сирија

Date:

Share post:

Синодот на МПЦ-ОА изразува загриженост за состојбите во Сирија и во Либан, особено за страдањата на христијаните. Владиците искажуваат поддршка на Антиохиската патријаршија, чие седиште е во Сирија.

-Синодот ја изразува својата длабока загриженост за новонастанатата состојба во Сирија и во Либан, како и за засегнатите верни чеда на Антиохиската Патријаршија. Исто така, како сестринска Црква, искрено сострадувајќи, Го молиме Семилостивиот Бог, Кој ги успокојува обременетите (Мт. 11, 28), да ги благослови сириските и христијаните на Истокот – пастирствувани од Неговото Блаженство Патријархот Антиохиски и на целиот Исток Јован Х – и да ги укрепи во верата и надежта, притоа дарувајќи им го неопходниот мир, стои во одлуката на САС на МПЦ-ОА.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img