Богојески: Владика Тимотеј остави неизбришлива трага во нашата Црква

Date:

Share post:

Петар Богојески, лидер на Македонски Концепт е еден од неколкуте политичари кои досега изразија сочувство за смртта на Владиката Тимотеј и големата загуба за МПЦ-ОА:

На Фејсбук, Богојески напиша дека Со длабока тага и почит се простува од нашиот сакан и многупочитуван владика Тимотеј, архиереј на Дебарско-кичевската и Плаошката Епархија на нашата света Македонска Православна Црква – Охридска Архиепископија.

-Владика Тимотеј остави неизбришлива трага во нашата Црква, посветувајќи го целиот свој живот на духовното водење и грижа за верниот народ. Со својата мудрост, смирение и несебична посветеност, тој беше духовен столб и пример за христијанска љубов и служба.

Неговата мисија секогаш беше водена од стремежот за единство, мир и зачувување на верата и традицијата. Со својот живот и дело, тој ни покажа што значи вистински да се служи на Бога и на луѓето.

Нека му е вечна слава и нека почива во Царството Небесно, во светлината на Господ Христос, кому верно му служеше. Амин, нашиша Богојески на Фејсбук.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img