Православните цркви од Европската Унија на средба со Вартоломеј во Фанар

Date:

Share post:

На покана од Вселенскиот патријарх Вартоломеј, од 20 до 23 ноември во Истанбул, во Фанар се одржа годишната средба на Комитетот на пррставници на православницте цркви од Европската Унија, која традиционално се одржува на покана од помесните православни цркви во различни држави.

На средбата во Фанар учествуваа Белгискиот митрополит Атинагора од Вселенската патријаршија, Западно и Средноевропскиот митрополит Јосиф од Романската патријаршија, Западно и Средноевропскиот митрополит Антониј од Бугарската патријаришија и епископот на Танагра од Грчката црква.

Патриајрхот ја изразил поддршката за активностите на оваа организација и подвлекол колку е важно да се слушне гласот на православието во Брисел во време кога европскиот континент е исправен пред многу предизвици и конфликти. На средбата биле разговарани предлози за активна соработка со европските институции за прашања кои се од интерес на ова тело. Биле нагласени и некои од проблемите со кои се соочуваат православните цркви во европските држави, особено оние кои се поврзани со вистинските христијански вредности, како што се оние поврзани со христијанското семејство.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img