Промовирана иницијатива за реформи во ИВЗ

Date:

Share post:

Теологот, Проф. Д-р Бејадин Амети вчера ја објави новата иницијатива за реформи во ИВЗ. Посочувајќи дека со години, поточно една деценија и повеќе, Исламската верска заедница (ИВЗ) е во институционална криза, смета дека оваа институција се соочува со длабоки проблеми, како што се: криминалот, корупцијата и непотизмот.

Од тие причини Амети бара, заминувањето на сегашниот реис, и избор на нов Реис ул Улема.

– Имајќи ја предвид џамијата како основен орган на ИВЗ, бараме регулирање на правно-економскиот статус на оџите, и на воспитно-образовниот кадар. Реорганизација и преиспитување на процесот на денационализација на имотите како дел од вакуфот на ИВЗ. Иницијативата за реформи во ИВЗ, по мислењето, искуството и волјата на мнозинството верски службеници и џамиските џемати, наиде на поддршка за потребнните реформи, како резултат на нивното незадоволство од узурпацијата, лошото управување и нетранспарентното функционирање и работа на органите на ИВЗ, вели Бејадин Амети.

-Недостигот од јасни програми и проекти, дополнително му штети на ИВЗ, која веќе е маргинализирана на локална и меѓународна сцена, како и тоа дека ја губи важноста и довербата кај верниците. Недостигаат верски активности и развојни напори, па поради тоа оваа институција се концептира како опасна „организација“, наместо да биде институција на висок морал, влијание и важност. Затоа ние, денес сме тука, за да ја откриеме оваа иницијатива, која за цел, го има заживувањето, и професионалноста на институцијата на ИВЗ, заснована на принципите на правдата, транспарентноста и одговорноста. Нашите цели ја вклучуваат операционализацијата и професионалноста на ИВЗ, како и враќањето на довербата кај верниците, заштитата на идентитетот и историските вредности на ИВЗ, а секако и развојот на верските и хуманите активности, вели Амети.

Тој потенцира дека целта на Иницијативата за реформи во ИВЗ е, да ја направи оваа институција функционална, врз основа на главните исламски извори, Светиот Куран и Суннетот на Пратеникот Мухаммед, но и врз основа на правните акти, за да се обезбеди институционален развој на Исламската Верска Заедница во РСМ.

-Во оваа насока, со именувањето на Шаќир Фетаху, реис на ИВЗ, кој заедно со другите требаше да го врати достоинството на ИВЗ.  да ги организира и направи уставните измени, како и да го организира изборот на Реис ул Улема на ИВЗ, на легитимен и транспарентен начин. ИВЗ наместо да ја земе соодветната форма на своето работење, се случи спротивното, бидејќи Шаќир Фетаху продолжи да ја узурпира верската институција, губејќи го соодветниот авторитет од џемаатот, оџите и другите службеници на ИВЗ, вели иницијаторот.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img