Својата длабока тага поради загубата на десетици човечки животи и својата поддршка до погодените од смртоносните поплави во Шпанија ја изразил Вселенскиот Патријарх г. Вартоломеј во своето писмо упатено до кралот на Шпанија, Филип VI.
Во писмото, Патријархот наведува дека во овие тешки моменти на жалост и искушение за Шпанија, се моли за покој на душите на оние кои ги загубиле своите животи, за брзо закрепнување на повредените и за олеснување на сите кои се погодени од катастрофалните поплави.
Патријархот Вартоломеј особено ги истакнува граѓаните кои со посебна храброст прават херојски напори, за да им помогнат на своите настрадани сограѓани и посакува Бог да го зајакне и поддржи целиот народ на земјата.

