30 години македонско библиско здружение

Date:

Share post:

Македонското библиско здружение озбележа 30 години од основањето. На свечената прослава во Музејот на македонската борба за самостојност Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан, посочи дека  ова е значаен јубилеј.

-Главната причина за нашата и, воопшто, сехристијанската љубов кон Библијата не е тоа што таа е најзначајната книга во историјата, ниту, пак, е длабочината на нејзината мисла и силата, богатството и убавината на нејзината содржина. Библијата секако е сето тоа, но таа не е и самотоа, односно не е првенствено тоа! Имено, она што ја прави незаменлива, е тоа што во неа и прекунеа говори самиот Бог, со зборови и мисли искажани и напишани од боговдахновени и праведни мажи – пророци и апостоли, изјави Архиепископот.

Со промотивен говор, за новообјавените преводи на Новиот завет и на псалмите, зборуваше Епископот Хераклејски г. Климент.

-Преведувањето и објавувањето на сакралните текстови низ историјата, покрај својата неопходност и подразбирливост, воедно, се покажало како особено комплексна и напорна дејност. Креативниот набој да се пренесе смислата токму на непреводливото, да се воспостави жива комуникација помеѓу читателот и духот на текстот, всушност, претставува непрекинат предизвик за јазикот, предизвик што ја провоцира творечката умешност и енергија на преведувачот, посочи Епископот Климент.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img