Струмичкиот митрополит Наум сослужуваше со 25 архиереи на Романската православна црква пред повеќе од 200.000 верници во Јаши во Романија.
Масовната литургија е во чест на Света Параскева, што во овој град во Романија се слави како голем празник.
Градот Јаши на почетокот од октомви станува главен град на романското православие, каде повеќе од 200.000 верници од целиот свет доаѓаат да се поклонат на моштите на Света Параскева и Свети Пантелејмно Исцелите.
Улиците на градот се полни со верници, а со литургијата чиноначалствуваше Архиепископот на Тијатира и Велика Британија Никита.
ПОГЛЕДНЕТЕ ГИ ФОТОГРАФИИТЕ















