Со Света Божествена литургија во Соборниот храм во Скопје, Архиепископот Охридски и Македонски и на Јустинијана Прва, г.г. Стефан, денеска ќе одбележи 25 години од востоличувањето на тронот на Охридските Архиепископи.
Во 12 часот во Музејот на македонската борба за самостојност ќе се одржи промоција на 6. и 7. том на “Слова за словото”, дело на Архиепископот Стефан. Промотори на книгите ќе бидат епископот велички Никола и презвитер Милан Ѓорѓевиќ.
Стефан за Архиепископ беше избран на Црковно-народниот собор, одржан на 9.10.1999 година, во Соборниот храм на древната Охридска Архиепископија „Света Софија“ во Охрид, а на 10.10.1999 година востоличен како петти Поглавар на Македонската Православна Црква.
Роден на 1 мај 1955 година и е најмладиот избран Архиепископ со 44 години.

