Стобискиот епископ Јаков одбрано магистрески труд на Православниот богословски факултет на Универзитетот во Белград, и се стекна со титула магистер по теологија. Магистерскиот труд е на тема „Мистичкиот и литургискиот живот во делата на Старец Емилијан Симонопетриски”. Ментор му беше протојереј-ставрофор проф. д-р Владимир Вукашиновиќ.
Комисијата која ја сочинуваа редовните професори на катедрата за Литургика на Православниот богословски факултет на Универзитетот во Белград: менторот протојереј-ставрофор проф. д-р Владимир Вукашиновиќ, презвитер проф. д-р Србољуб Убипариповиќ како и ѓакон д-р Никола Лукиќ, доцент на Богословскиот факултет на споменатата катедра, магистерскиот труд на Епископот Јаков го оценија со највисока оценка.
На одбраната на трудот присуствуваа Преосвештениот Епископ моравички Г. Тихон, Архимандритот Данило, директор на Патријаршиската управна канцеларија, свештенството и монаштвото и верници од струмичката Епархија, пренесува Тв Храм.


