Во рамки на средбите со верските заедници, во четвртокот на 19 септември, директорката на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи Оливера Трајковска оствари средба и со претседателот на Еврејската заедница, Пепо Леви.
Соработката помеѓу Комисијата и Еврејската заедница продолжува со ист интензитет и желба за продлабочување во повеќе домени. Почитуваниот Пепо Леви изрази благодарност за посетата и упати честитки до новоименуваната директорка, ги најави можните идни соработки и даде одредени иницијативи за организација на заеднички настани и проекти.
Евреjската заедница е важен чинител во верскиот живот на Македонија и негува многу добри односи со останатите верски заедници и нивните лидери. Мирот, толеранцијата и меѓусебното разбирање се приоритет на сите нас, затоа главната заложба на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи е да ги поврзува и сплотува сите верски заедници притоа почитувајки ги сите законски права и одредби, велат од КОВЗРГ.

