Ќани Нисими останува на фтункцијата Тетовски Муфтија, а Централниот регистар по службена должност е должен да го впише неговото име во Регистерот на верски заедници и религиозни групи. Ваква одлука донел Граѓанскиот Суд Скопје, а решението, со кое се потврдува неговото останување на функцијата Тетовски муфтија го објави на социјалните мрежи.
-Основен Граѓански Суд Скопје, го усвојува тужбеното барање на Тетовскиот Муфтија Ќани Несими, за донесување на привремена мерка за обезбедување на непарично побарување за изрекување забрана на второтужениот Исламска Верска Заедница на РСМ да превземе мерки и дејствија и да донесува одлуки спротивно на Уставот на ИВЗ и спротивно на Муфтиство на ИВЗ Тетово како колегијален надлежен уставен основен орган на ИВЗ. Воедно Судот го ЗАДОЛЖУВА Централен Регистар на РСМ, по службена должност да ја спроведе одлуката на судот да во Регистарот на верски заедници и религиозни групи, второ тужениот ИВЗ – во делот подружница организициона единица Муфтиство на ИВЗ на РСМ Тетово да спроведе промени по судското решение, се до завршување на постапаката која се води пред овој суд за незаконско и неуставно разрешување на легално легитимниот Тетовски Муфтија проф. Др. Ќани Несими, стои во одлуката.
Муфтиството на ИВЗ Тетово ги информира имамите, верниците на Тетово и пошироката јавност, да не подлегнуваат на веќе познати дезинформации, шпекулации и лагите на Шаќр Фетаи, кој се покрива во името на некава служба за јавно информирање каде се појавува како жртва оправдувајќи ги неговите незаконски и неуставни активности со секакви обвинувања, клевети и фрустрации околу спорот Шаќир Фетаи – Тетовско Муфтиство, во таа насока постојат само две правосилни судски решенија и тоа Решение на Основен Суд Тетово бр. П1-1573/23 од каде се одбива како неосновано тужбеното барање на ИВЗ на Шаќир Фетаи, за напуштање на седиштето на Тетовското Муфтиство од страна на легално легитимниот Теровски Муфтија проф. Др. Ќани Несими, и решение на Основен Граѓански Суд Скопје со кое останува Тетовски Муфтија актуелниот Муфтија проф. Др. Ќани Несими се до завршување на судскиот процес. Јавно го повикуваме Шаќир Фетаи, доклку поседува некое судско решение, одлука или пресуда против проф. Др. Ќани Несими легалниот и легитимниот Тетовски Муфтја, лично нека излегува пред јавноноста да го презентира истото, стои во соопштението на Тетовското муфтиство.

