Синодот на МПЦ-ОА застана зад УПЦ-МП

Date:

Share post:

Синодот на МПЦ-ОА, во работен состав, донел одлука да даде поддршка на Украинската Православна Црква – Московска патријаршија, по донесениот закон во Украина за забрана на верски органициации поврзани со Русија.

На синодската седница одржана денеска, тројцата владици на МПЦ-ОА констатирале дека треба да дадат поддршка на УПЦ-МП.

-Синодот посвети особена грижа за состојбата со сестринската Украинска Православна Црква, која беше административно укината од Украинскиот парламент, со Предлог-законот 8371, и со тоа на милиони верници, кои се црквуваат во таа Црква, им е оневозможено основното право на верска припадност, исповедање на својата вера и вршење на богослужби. Светиот синод на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, сведочејќи ја евангелската вистина, искажува молитвена поддршка на Претстојателот на Украинската Православна Црква, Неговото Блаженство Митрополит Киевски и на цела Украина г. Онуфриј, на браќата архијереи и на нејзиниот верен народ, молејќи се семилостивиот Господ да им даде сила да истраат и да ги надминат овие искушенија. Истовремено, Светиот синод се моли за единство на сите Помесни Православни Цркви, кои го сочинуваат Телото Христово, стои во соопштението од Синодот на МПЦ-ОА.

1 COMMENT

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img