Никанор поднесе молба за напуштање на БПЦ, патријархот Даниил му ја врати

Date:

Share post:

Архимандритот Никанор ја предаде својата оставка и молба за напуштање на бугарската црква по изборот на Даниил за нов Патријарх. Текстот на молбата го објави јавно, но по денешната права литургија, новиот патријарх му ја врати.

Во писмото тој објаснува дека оставката е поради „дијаметрално различните позиции во однос на местото на БПЦ во семејството на правосалвните цркви и во однос на ставовите за состојбите во Украина“.

Патријархот Даниил пак ја одби оставката и вели дека го поканил Никанор на средба, која засега не е прецизирано кога че се случи, посочувајќи дека ќе разговараат за да продолжат да работата заедно.

-Бог дава разум. Ние сме луѓе и можеме да разговараме и зошто ѓаволот трба да ги држи нашите души, кога Господ ни дал слобода. Така што треба да ја асорбираме таа слобода, изјави патријархот Даниил.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img