Честитка од Архиепископот Стефан до Рејсот Фетахи

Date:

Share post:

Архиепископот Стефан испрати честитка до поглаварот на ИВЗ, Шакир Фетахи за празникот Курбан Бајрам.

Почитуван Ефенди Фетахи,

Од Своe, како и од името на архијереите, свештенослужителите, монаштвото и верниот народ на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, Ви го честитаме празникот Курбан Бајрам, посакувајќи Ви Вам и на верниците од исламска вероисповед изобилни добрини од Господа.

Овој празник на жртвата нека им биде спомен на муслиманите за пожртвуваната љубов кон ближните, па се надеваме дека духот на меѓусебното почитување и разбирање ќе продолжат и понатаму да ја закрепнуваат соработката помеѓу Македонската Православната Црква и Исламската заедница.

Посакувајќи Ви крепко здравје, мудрост и помош од Господа, Ви посакуваме празничната радост да Ви биде постојана!

Честит празник!, стои во честитката.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img