Крушевско-демирхисарскиот митрополит Јован смета дека некои од отворените прашања за Томос од Вселенската патријаршија во јавноста се непотребни. Во интервју за Призма потенцира дека „најлошо е избор меѓу Цариград и Москва“
На прашањето дали МПЦ-ОА може да се доведе во ситуација да избира кој од двата православни центри да се приклучи, и практично да влезе во пазарење кој ќе ѝ понуди подобри услови, владиката Јован вели дека тоа би било најнеодржливото решение.
-Најтешко ми паѓа што се бара да се фати страна. Или ќе бидеш на оваа, или ќе бидеш на онаа страна, тоа е најлошото за православието. Треба да се мисли на решение за следните 100 години. Тоа е само еден миг за црквата, вели владиката во интервјуто за Призма.
Но, МПЦ-ОА во моментов пред ваков избор е исправена поради политиката на Црковна Москва и нејзиното влијание врз дел од владиците на МПЦ. Цариград не е оној центар кој е во раскол со Москва, туку Москва како центар е во раскол со Цариград. И токму политиката што од Моксва и се сервир на МПЦ-ОА е политика на уцена да не се продолжи по патот до целосна автокефаност.
Јован вели дека во моменто МПЦ-ОА и има и нема Томос за автокефалност, потенцирајќи дека дилемата дали има или нема томос не е едноставна. Вели не грешат ниту оние што сметаат дека МПЦ доби томос од српската црква, ниту, пак, оние што тврдат дека актот на признавање, сепак, треба да „дојава“ од Цариград.
-Ние сме на некое прекршување, вели тој.
Сложенава и замрсена ситуација се должи на тоа што православниот свет практично веќе не е еден, туку имаме два паралелни центри, цариградски и московски, кои се конфронтираат по повеќе точки. Прашањето на доделување томос е една од причините за раздор. Православните цркви подолго време не успеваат да се договорат кој сега го издава томосот, дали мајката-црква, како во нашиот случај СПЦ, или Константинопол, како што било со векови, вели Јован во инетрвјуто.
Сепак според него прашањето за дијаспората што се наметнува во јавноста е сосема непотребно, бидејќи реаалноста е сосема поинаква од онаа што и се сервира на јавноста дека со Томос Вселенската патријаршија ќе ги земе црквите на МПЦ-ОА во дијаспората.
-Дијаспората е решен проблем. Не знам зошто го спомнуваат, дециден е владиката, потенцирајќи дека за ова прашање е најден компромис. На сите цркви им се остава тие да ја раководат дијаспората, новина е што се создава координативен совет што ги вклучува црквите на конкретната територија.
-И таму прв во тој совет е секогаш епископот од Вселенската патријаршија. Другиот компромис се води според вековниот принцип „еден град – еден владика. Затоа владиците на различни цркви во ист град во дијаспората не смеат да носат иста титула. Српската црква го смени името на нивниот епископ во Германија, сега епископот се нарекува дизелдорфски, а тој од Вселенската патријаршија го носи името епископ на Германија, вели Јован за Призма.
Прашањето за именувањето на МПЦ-ОА во диптихот на Вселенската патријаршија е уште едно од прашањата кои не се нерешливи. Владиката Јован смета дека Охридска архиепископија е сосема прифатлив назив зашто со себе носи историја долга илјада години.
Вселенската патријаршија е гркофонска црква, оттаму за неа и за елинскиот свет што вклучува уште неколку помесни и влијателни цркви, терминот „Македонија“ е срцепарателен. МПЦ може да испреговара подобар договор со Вселенска патријаршија од оној на државата во Преспа. Да добие некој вид двојна формула – дома во црковниот устав и во правниот промет да не се менува ништо, да стои името МПЦ-ОА, а за останатиот православен свет, македонската црква да е Охридска архиепископија. Сепак, тоа ќе зависи од вештината на преговарање, вели Јован.
Украина спорд него е најголемиот проблем во моментот, пред се поради противењето на московската патријаршија.
/foto: БИРН/ПРИЗМА


За митрополита Јована било би најбоље да молитвено тихује, а не да се под старе дане бави црквеном политиком. Макар он је на својој кожи осетио како пролази Црква када се политика умеша у решавање канонских спорова.
Исто тако, митрополит Јован не би никада требало да заборави чињеницу да је по изласку из затвора – где је боравио на правди Бога и притом зарадио неколико тешких болести – отишао у Русију да се лечи. Не у Истамбул. Био је гост Руске Православне Цркве која је препознала његову борбу и жртву коју је поднео за јединство Цркве, а не гост Васељенске Патријаршије. У Русију су га свуда дочекивали са љубављу. О томе може да посведочи и један Македонац, јеромонах у Руској Православној Цркви, који је био део његове пратње у већем делу митрополитовог боравка у Русији.
Нарочито би митрополит Јован требало да поведе рачуна када лаконски, не и непромишљено, сву кривицу за ”раскол”сваљује на Москву. Тиме се свесно ставља у позицију да брани једну страну (Васељенску Патријаршију), уместо да у сукобу на релацији Цариград-Москва буде макар неутралан. Још једном морамо нагласити да његове речи – ”Цариград не е оној центар кој е во раскол со Москва, туку Москва како центар е во раскол со Цариград. И токму политиката што од Моксва и се сервир на МПЦ-ОА е политика на уцена да не се продолжи по патот до целосна автокефаност…”- нису непромишљене. Још мање су плод случајности. Утолико су опасније. Не по Руску Православну Цркву, већ по њега самог.
Све оно духовно благо које је митрополит Јован годинама стицао, борећи се за Цркву на просторима Македоније, већ дуже време својим изјавама растаче. Понаша се за нијансу неразумније од оног неразумног слуге из јеванђелске перикопе који је своје таланте дате му од Бога закопао у земљу. Уместо да своју борбу за Цркву настави молитвом, постом и тиховањем, митрополит Јован дозвољава да га појединци у Македонији увлаче у своје прљаве игре. Чак и на овај наизглед безазлен начин, тиме што ће га позвати да коментарише изузетно шкакљиву тему раскола у Украјини.
Власник овог опскурног интернет сајта користи сваку могућу прилику да отворено покаже мржњу коју гаји према Руској Православној Цркви. То сада већ прелази границе пристојног понашања. Све постаје огољено. Као што ће временом на видело изаћи чињеница да постоји и нешто више у позадини мржње према Руској Цркви коју овај сајт ни не жели да сакрије.
Нека вам је Бог у помоћи! И митрополиту Јовану, као и власнику овог опскурног сајта.
Откривате концепт на веќе осмислен центро-папизам во акција и сметајќи го за легитимен самиот лукав потфат на деградирање на православната еклисиологија (по пат на семантичко надигрување на титуларноста во дијаспората) препорачувате да биде топло прегрнат во име на некаков новокомпониран поредок кој отворено се заканува да му доскокне на мистичниот карактер на православниот модел на Едната, Света, Соборна и Апостолска Црква? Нема да лажам: не сум изненадена! Отсекогаш Ви беше поважно (ако не и единствено значајно) надворешното, макар лажно и видно осакатено единство на Црквата од Нејзиното богодарувано, самовласно и неповредливо единство кое е во најтесна, природна врска со духовниот дострел (и како даденост и како аскетско-благодатна освоеност) на сите Нејзини членови како Тело Христово… Зарем не е јасно зошто Москва го прекорува Фанар и зарем не е време за сведоштво на живата вера наместо за мртов полтронизам во некаков смешен обид “да ги помириме спротиставените страни, да станеме мостот на единството”? Добрите намери на соломонското решение во дијаспората не би произведувале некакви намесници на самоповикан источен папа, кој себеси се нарекува ‘Вселенски’. Да си прв по чест не значи да си прв по лукавство и грабливост. ‘Чест’ е голем збор, сите знаат што значи тоа, особено христијаните. Да беа намерите на Цариград простодушни, благородни и чесни и неговите епископи ќе носеа титули со името на некој град, како останатите, а не на цел континент (како можност укината за епископи на другите Помесни Цркви). Тогаш ќе имаа некакви шанси да бидат први по чест, ама на дело, а не во нивните империјалистички соништа и фатаморгани. Руската Православна Црква добро ги има вкусено овие “севселенски” рецепти на Фанар во последните стотина години, небаре од кујните на американскиот State Department кој доволно долго го шири својот покровителски чадор над сите црковно-политички стратегии на Фанар, и во Турција и во ‘Новите земји’. Значи, Ви благодарам за прецизниот опис на ситуацијата со кој дадовте скапоцен придонес во информативниот простор на македонскиот затрогнат аудиториум.