Средба Зеленски и Вартоломеј во Швајцарија

Date:

Share post:

На маргините на Самитот за мир во Украина, претседателот на Украина, Володимир Зеленски, се сретна со Вселенскиот Патријарх Вартоломеј.

Украинскиот претседател се заблагодари на Неговата Светост за поддршката на неговата земја, молитвата за мир и помошта кон Украинците, кои страдаат од руската агресија.

-Многу е важно што сте со нас денес на Самитот за мир. Ви благодариме за вашата хуманитарна поддршка, особено во однос на враќањето на украинските деца и размената на затвореници. Ова е многу важно за нас, изјавил Зеленски.

Претседателот особено ги истакна напорите на Патријархот Вартоломеј за промовирање на развојот и зајакнувањето на православието во Украина и за дијалогот со црквите во светот и државите-партнери по ова прашање.

Патријархот Вартоломеј беше придружуван од Митрополитите Емануил Халкидонски и Максим Швајцарски, како и од високиот црковен службеник Аетиос, шефот на патријаршискиот кабинет.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img