Зелински се сретна со Папата

Date:

Share post:

Украинскиот претседател Володимир Зеленски се сретна со папата Франциск на маргините на самитот на Групата седум (Г7), изјави украинскиот лидер и додаде дека Ватикан ќе учествува на меѓународниот самит за Украина што ќе се одржи викендов во Швајцарија.

„Го цениме учеството на Ватикан на самитот и напорите за постигнување мир, особено во однос на враќањето на децата од Украина кои беа киднапирани од Русија“, рече Зеленски во изјавата.

Според украинскиот претседател, се разговарало за последиците од руската агресија врз Украина, рускиот воздушен терор и тешката ситуација во енергетскиот сектор.

Двајцата разговарале и за формулата за мир, улогата на Светата столица во воспоставувањето праведен и одржлив мир за Украина и очекувањата од Светскиот самит за мир.

1 COMMENT

  1. Со лага ага, и тоа голем, не се станува, глумче! Првата лага по која те памети светот е предизборното ветување до украинскиот народ дека ќе се потрудиш да ги подобриш односите на Украина со Русија, коишто твоите претходници за пусти пари веќе одамна ги беа влошиле. Оттогаш протече многу вода и во тоа корито безброј лаги испливаа. Една од најбезочните е тврдењето дека Русија киднапирала украински деца. А овој кој себеси се нарекува црковен пастир пошол ли да го бодри мајсторот на лагите небаре Вистината може да се победи?

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img