Првиот дипломат на руската црква стана почесен доктор на руското МНР

Date:

Share post:

Шефот на руската црковна дипломатија стана почесн доктор на Академијата за дипломатија на руското МНР. Свечениот чин на додемување на дипломата и свечената наметка за митеополитот Антониј беше на 14 јуни во просториите на Дипломатската академија.

Академскиот совет да му ја доделил титулата на почесен доктор за неговиот исклучителен придонес во духовните, моралните, образовните и мировните активности за доброто на земјата, помошта и поддршката во развојот на Дипломатската академија на Руското Министерство за надворешни работи“.

Ректорот потенцирал дека руското Министерство за надворешни работи имаа блиски односи со Одделот за надворешни црковни односи на Московската патријаршија. Посебно се споменува соработката со Црквата за време на одржувањето на Високите дипломатски курсеви за новоименуваните амбасадори и високи функционери на централниот апарат на руското Министерство за надворешни работи испратени да служат во странство

Митрополитот Антиониј нагласил дека му е дадена голема чест не само нему лично, туку и на целиот тим на Одделот за надворешни црковни односи на Московската патријаршија.

-Во денешниот настан, гледам и високо ценење на долгата историја на добри, конструктивни односи што се развија меѓу Московската патријаршија и Министерството за надворешни работи на Руската Федерација, вклучително и Дипломатската академија, со дипломати кои вршат подвижничка служба за бенефитот на татковината во различни делови на светот, изјавил АНтониј.

Тој зборел и за надворешните црковни активности во сегашните услови, за предизвиците за единството на Руската православна црква на нејзината канонска територија.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img