Архиепископот Стефан им го честиташе Рамазан бајрам на муслиманите во Македонија, преку честитката што ја испрати до поглаварот на ИВЗ, Шакир Фетаху.
Во честитката Архиепископот пишува:
-Почитуван Ефенди Фетахи, Од Своe, како и од името на архијереите, свештенослужителите, монаштвото и верниот народ на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, Ви го честитаме празникот Рамазан Бајрам, посакувајќи Ви Вам и на верниците од исламска вероисповед изобилни добрини од Господа. Периодот на воздржување и пост нека ни бидe од полза, а сите денови да ни поминуваат во мир и почитување, меѓусебно разбирање и соработка, како би можеле богоугодно и човекољубиво да ја оствариме целта зададена од Севишниот!, напиша Архиепископот во честитката.

