Иларион и Тимотеј до Епифаниј во протоколот на БПЦ, Петар кај српските владици

Date:

Share post:

Македонската црковна делегација од синоќа е во Софија, каде денеска присуствува на погребот на починатиот Патријарх Неофит. Владиците Тимотеј, Петар и Иларион, синоќа му оддадоа почит на Патријархот Неофит, а од утрово се на литургијата која ја мслужи БПЦ за покој на Патријархот.

Таму е и Вселенскиот Патријарх, како и поглаварот на Православна црква на Украина, Епифаниј Гости има од руската, романската, српската, албанската црква…

Од видео преносот се гледа дека македонската црковна делегација во протоколот е десно од олтарот до Поглаварот на ПЦУ Епифаниј. На другиот крај е делегацијата на рускатата црква. Случајно или не, на фотографиите го нема владиката Петар, односно до Епифаниј прво стои Иларион, па Тимотеј. Владиката Петар стои на сосема другата, од левата страна на Олтарот, каде се наоѓа делегацијата на СПЦ.

Подоцна Вселенскиот патријарх ќе го отслужи опелото, во кое треба да учествуваат претставници на помесните цркви. Според најавите, за да не избие скандал, Епифаниј ќе остане молитвено да присуствува.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img