Црковна делегација од тројца митрополит ќе ја претставува МПЦ-ОА на поглебот на бугаркиот Патријарх Неофит, дознава религија.мк.
Во Софија нема да патува Архиепископот г.г. Стефан, но од МПЦ-ОА ќе патуваат владиците Тимотеј, Петар и Иларион.
БПЦ веќе соопшти дека опелото на Неофит ќе го изврши Вселенскиот патријарх, а ќе учествуваат и претставници на помесните православни цркви кои ќе испратат свои делегации.
Во Софија нема да патува ниту српскиот Патријарх, ниту рискиот. Тие двајца во Москва ќе служат опело на починатиот епископ Антиниј, кој беше управител на Подворјето на СПЦ во Москва. Засега нема детали кои други поглавари ќе одат в сабота во Софија.

