Делегација на руската црква во посета на Белград

Date:

Share post:

Шефот на руската црковна дипломатија, Митрополитот Антониј беше во дводневна посета на Белград. Придружуван е и од Николај Балашов, советник на Патријархот Кирил. Во агендата на рускиот митрополит беше и средба со Патријархот Порфириј. Според известувањето од Патријаршијата во Белград во срдечен и содржаен разговор било истакнато взаемното задоволство од братската соработка на двете Цркви и на двата едноверни народи.

-Особено внимание соговорниците му посветија на совладувањето на предизвиците со кои се соочува Православната црква, стои во соопштението од СПЦ.

Руската црква пак соопшти дека Владика Антониј му ги пренел на Патријархот Порфириј братските желби на Неговата Светост Патријархот Московски и на цела Русија Кирил.

-Се разговараше за прашања кои ја засегаат сферата на билатералните и меѓуправославните односи, стои во соопштението од Руската црква.

Следниот ден српскиот претседател Александар Вучиќ го одликувал Балашов со Орден на српско знаме (II степен), „за посебни заслуги во развојот и зајакнувањето на соработката и пријателските односи меѓу Република Србија и Руската Федерација.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img