ВИДЕО: По литургијата, владиката Петар во добро расположение – Фаворит за „Ѕвезде Гранде“

Date:

Share post:

Владиката Петар во Цетиње ги покажал и своите музички и гласовни способности. На виедото кое кружи по социјалните мрежи се гледа како владиката Петар ја пее познатата песна„Калеш бре Анѓо“ пред гостите на СПЦ. На главната маса, во придружба на домаќинот Црногорско-приморскиот митрополит Јоаникиј и останатите владици на СПЦ, владиката Петар решил да запее.

Опуштената атмофсреа покажува дека нашиот владика има големи пеачки капацитети, кои му гарантираат фаворитска позиција во „Никад ни је касно“.  Што е право право е!….

2 COMMENTS

  1. Тоа е навистина убава македонска православна песна, за еден од многубројните примери на исповедништво меѓу македонските девојки христијанки за време на отоманското владеење во Македонија. А Владиката Петар своевремено беше најнадарениот богослужител во црковно пеење меѓу архиереите на Македонската Православна Црква (имаме неколку драгоцени спомени од тој вид од незаборавни литургии и вечерни служби што ги отслужи во македонските манастири, на кои сме присуствувале). Ова можеби не е една блескава изведба на познатата песна, но не е ни некој повод за потсмев. Постои иста ваква пракса во грчките манастири, каде обично по избор на Старецот монасите пеат и народни христијански песни, истовремено прославувајќи Го Бога и оддавајќи почит кон храбрите подвизи и сведоштва на верата на мирјаните. Со други зборови: се’ што лета не се јаде, и не е секоја птица во етерот добар новинарски улов. Но, за расудување треба малку повеќе од намера и мукает.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img