Преспанско-пелагинискиот митрополит Петар служел во Цетинскиот манастир во Црна Гора, заедно со Црногорско-приморскиот митрополт Јоаникиј.
Она што е за одбележување е што владиката Петар за време на литургијата, на Големиот Вход, не го споменува Архиепископот г.г. Стефан, кој нему му е поглавар, туку само Српскиот Патријарх Порфириј.
Пракса во православните цркви кога сослужуваат двајца архиереи од две различни цркви е да бидат спомнати поглаварите и на двете цркви. Владиката Тимотеј кога лани служеше во Половдив со тамошниот владика Николај, за време на литургијата го спомна Архиепископот Стефан со неговата титула Архиепископ Охридски и Македонски.


Сега тој после 45 години стаж како владика не знае, вие знаете …
Да не случајно има преминато на ромејската страна?
Да се провери веднаш …
И дедо Тимотеј да се провери, случајно да не е за русите чим го споменал Архиепископот …
Тешко нас …