Верски календар: 13.јануари
Според календарот на МПЦ денеска е 31 декември, денот пред Нова Година. Односно вечерва е пречекот на Нова Година
МПЦ-ОА/ Преподобна Меланија Римјанка.
Оваа Меланија беше вдовица на окружниот римски управник. Живееше во четвртиот век, кога во Рим многумина беа восхитени од подвижничкиот живот на Истокот, за што се дозна од неколкуте подвижници што во тоа време дојдоа од Исток во Рим. Таа се учеше на подвизите од блажениот Ероним. Подоцна замина за Ерусалим, каде ги продолжи подвизите до својата длабока старост. Целиот свој имот го беше раздала служејќи им на бедните. При крајот на животот го посети Рим за да се види со роднините и пријателите, а потоа пак се врати во Ерусалим, каде се упокои во 410 година.
ДЕНЕСКА Е И /Блажениот Теофилакт, архиепископ Охридски
Тој е роден на островот Еврип, а воспитан е во Цариград, кај најпрочуените учители на тоа време. Како клирик на Великата Црква и наспроти неговата волја го избраа за епископ и го испратија во Охрид, каде што помина околу дваесет и пет години (отприлика од 1082 г. до 1108 г.). Хоматијан Охридски го нарекува „најмудриот епископ“. Човек со огромно образование, светско и богословско, со префинет византиски вкус, меланхоличен и чувствителен. Меѓу Словените на Балканот Теофилакт се чувствувал како прогонет меѓу варвари. Напишал „Толкувања“ на сите четири Евангелија и на другите книги на Новиот Завет. Тие се најдобро дело од тој вид после оние на Св. Јован Златоуст, па денес се мошне драгоцени и корисни. Од останатите негови дела уште се познати „Писмата “ и „Животот на Св. Климент Охридски“. На старост Теофилакт се повлече од Охрид во Солун, каде, како што се мисли, го завршил животот и преминал во блажената вечност.Блажениот Теофилакт, архиепископ Охридски.
КАТОЛИЧА ЦРКВА/ Св. Хилариј.
Бил роден околу 315 година, во Поитерс, денешна Франција. Живеел во четвртиот век, кога христијанството го потресувале жестоки аријански ереси. Ариј ја негирал божественоста на Исус Христос. Хилариј бил мислител, теолог и добар познавач на Светото писмо. Неговото дело за Тројството, во 12-та книга е најсолидно дело против аријанството. Ги проучувал источните црквени светци – Света Анастазија, Света Базилија, Свети Гргур и Свети Иван Златоуст и се поврзал со бранителите на правоверството на Истокот. Бил многу почитуван. Умрел во 367 година.

