Верски календар: 13 Август
КАТОЛИЧКА ЦРКВА/ Св. Понцијан и Хиполит.
Свети Понцијан бил папа кој управувал со црквата во третиот век за време на прогонствата на црквата кои ги спроведувал римскиот цар Максим Трачанин. Царот го прогонил свети Понцијан на островот Сардинија кој бил наречен остров на смртта. Таму тој умрел заедно со свештеникот Хиполит. На овие двајца светци, верниците им се молат за истрајност во верата.

