Почетна Политичка теологија 70 проценти од верниците веруваат во Архиепископот Стефан, Митрополитот Тимотеј најпопуларен меѓу владиците
70 проценти од верниците веруваат во Архиепископот Стефан, Митрополитот Тимотеј најпопуларен меѓу владиците

70 проценти од верниците веруваат во Архиепископот Стефан, Митрополитот Тимотеј најпопуларен меѓу владиците

999
2

Висок процент на доверба уживаат МПЦ-ОА и нејизниот поглавар, Архиепископот г.г. Стефан, покажува истражувањето на Религија.мк, ИПИС и Фонадацијата Коднрад Аденауер од ноември 2020 година.

Ако се спореди довербата за МПЦ-ОА и за Поглаварот г.г. Стефан таа речиси е изедначена.

На прашањето „Дали имате доверба во МПЦ-ОА?“, 48% од испитаниците одговориле „Да“, а 29,2’ одговориле „Донекаде да“. 10,5% „донекаде немаат доверба“, а само 9,4% изјавиле дека „воопшто немаат доверба“.

Ако се направи споредба од профилите на испитаниците, може да се заклучи дека помпадата генерација испитаници, односно оние до 29 години се тие кои имаат помала доверба во МПЦ-ОА.

Што се однесува пак до прашањето „Дали имате доверба во Архиепископот г.г Стефан?“, дека „имаат доверба“ одговориле 40.8%, а дека „донекаде имаат доверба“ одговориле дополнителни 29% од испитаниците, што е кумулативна доверба од околу 70% од верниците. Во Архиепископот „воопшто довеба немаат„ 13.4%, а „донекаде доверба немаат“ 10,7%. И во овој случај, помладата генерација верници, до 29 години е таа која има најмала доверба во Архиепископот г.г Стефан.

Ова е и прво истражување кое направи обид и за мерење рејтинг на доверба и кај останатите владици на МПЦ-ОА, при што беше корисетен метод на двоен одговор.

На прашањето „Кој од владиците на МПЦ-ОА најмногу го почитувате“?, испитаниците требаше да се изјаснат без притоа да им бидат прочитани имињата на Владиците, а имаа право на два одговора.

На прв одговор најмногу го потенцирале Дебарско-Кичевскиоит Митрополит г.Тимотеј со 9,6%,   па Повардарскиот Митрополит г. Агатангел  со 8,3% и на трето место епископот Антаниски г. Партениј со 7.4%. На вториот одговор, најмногу од испитаниците го споманел владиката Агатангел – 6,1%, па владиката Тимотеј – 5,9%, па владиката Партениј – 4,7%.

Кумулативно кога ќе се соберат резултатите, верниците најмногу почит искажуваат кон Владиката г.Тимотеј со рејтинг од 15.5%, потоа е Владиката г.Агатангел со 14.4%, Владиката г.Партениј со 12.1% Владиката г.Петар ужива доверба од 10.6%, Владиката г.Пимен 9.5%, Владиката г.Наум 7.3%, Владиката г.Јосиф (Тетовски) 7%,  Владиката г.Методиј 4%, Владиката г.Иларион 3.7%, Владиката г.Климент 3% и владиката г.Григориј 1.5%. Кога ќе се погледне профилот на испитаници, тој покажува дека најголем процент од оние кои ја искажале довербата кон Владиката г.Тимотеј се лица на возраст над 60 години и оние од 50 до 60 години. Владиката г. Партениј пак е оној владика кој најмногу доверба ужива кај помладата генерација, оние кои се на возраст од 30 до 50 години.

Сепак, за потенцирање е важно дека оваа перцепција на верниците се должи и на фактот дали и колку дел од владиците се присутни во медиумската јавност.

Истражувањето на јавното мислење, спроведено од „ИПИС“, „Религија.мк“ и Фондацијата „Конрад Аденауер“, е направено во ноември 2020 година. Беа вклучени 1015 испитаници од православна вероисповед, со задржување на генералниот сооднос во поглед на базичните демографски карактеристики како пол, возраст, професија и образование. Маргиналната грешка е помеѓу +/-3.2% со 95% интервал на веродостојност.

Ова е прво вакво специјализирано истражување, во кое учествуваа само испитаници кои се декларирале како православни верници, и е насловено како „Перцепции за позицијата на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија – доверба на верниците, релации со државата, патот до автокефалност“

Коментар(2)

  1. Ve molam, za kakva doverba stanuva zbor vo vladicite na MPC posle molbata upatena do bugarskata crkva da i bide majks crkva na MPC. Poblisku do vistinata bi bilo da se ptavi anka za toa koj od niv e pogolem, a koj najgolem prostak i predavnik na na duhovnata sloboda na Makedonskoto podnebje. Nikoj vo svetot ne gi priznava, a vie kreirate doverba.

Напиши одговор на Svetislav Cancel reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *