Почетна Политичка теологија 58 проценти од Бугарите веруваат во Бог
58 проценти од Бугарите веруваат во Бог

58 проценти од Бугарите веруваат во Бог

104
0

Близу 3.2 милиони полнолетни Бугари се изјаснуваат дека веруваат во Бог, покажува најновото истражување на „Галуп Интернешнел“. Околу 4.6 милиони Бугари, (од околу 5,5 милиони полнолетни во Бугарија), се определиле како припадници на источното православие, а 500.000 како муслимани.

Од друга страна пак, според едно друго истражување во Бугарија, правено пред околу две години, покажува дека 51% од анкетираните се определиле како религиозни луѓе, 36% како нерелигиозни, 3% Атеисти, или околу 150.000 луѓе, а останатите не се определиле.

Оние 51% се поклопуваат со околу 2.8 милиони Бугари. Во најновото истражување истражување на Галуп во Бог веруваат 58% или тоа се околу 3.2 милиони луѓе.

Истражувањето покажува и традиционално високо ниво на доверба кон Црквата. 41% имаат доверба, наспроти 36% кои се изјасниле дека немаат доверба.

/Двери.бг

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *