Почетна Анализа Христос годинава ќе воскресне во исти ден и за Православните и за Римокатолиците
Христос годинава ќе воскресне во исти ден и за Православните и за Римокатолиците

Христос годинава ќе воскресне во исти ден и за Православните и за Римокатолиците

392
0

На 16 април годинава Православните и Римокатолиците во исти ден ќе го слават Христовото Воскресение.

Пресметките за празнувањето на најголемиот христијански празник Велигден, за годинава се поклопуваат во исти ден и според стариот јулијански календар, според кој се водат дел од православните цркви и новиот грегоријански календар, според кој функционира Римокатоличката црква и дел православни цркви.

Последен пат во иста година православните и католиците Велигден го славеа во 2014, а следна година кога ќе има повторно совпаѓање е 2025 година, па во 2028 и така на секои три години до 2034 година. Од 2001 години наваму исто така совпаѓањето беше на три години, 2004, 2007, 2010, 2014, оваа 2017.

kalendar 1Сепак иако дел православни цркви го користат грегоријанскиот календар, одредувањето на Велигден не го прават по тој календар, туку по други правила.

На првиот вселенски собор било утврдено со канон како да се празнува Воскресението Христово. Според него Велигден не треба да се празнува заедно со јудејската пасха , туку после неа. Тука има уште три правила.  Тоа мора да биде после пролетната рамнодневница /21март/, после полната месечина, и секогаш во недела.

Набрзо потоа имајќи ги во предвид овие одредби направен е голем пасхален индиктион циклус од 532год  со пресметки за тоа која година кога ќе се падне пасха. Во пресметките се земени повеќе параметри  од астрономијата и математички пресметки со кои се одредувал датумот за пасхата.

Основа за одредба е датумот 21 март по стар стил. Потоа се гледа дали полната месечина  била по рамнодневница или пред.  Ако полна месечина само што поминала пред 21 март, тогаш се чека наредната полна месечина, па во неделата по неа се празнува Велигден.

Римокатолиците го напуштаат ваквиот начин на одредување на датумот многу одамна и според нивните пресметки Велигден може да се падне заедно и со јудејската паска, што според Православните е напуштање на канонските правила.

Објаснувањето зошто Велигден не може да се слави пред или за време на еврејската Пасха, е поврзано со тајната вечера, која практично била на еврејската Пасха, а распнувањето на Христос е три дена потоа.

papata-franciskoПоглаварот на Римокатоличката црква, Папата Франциск пред две години го покрена прашањето за утврдување на заеднички датум на Велигден кој би се одбележувал „во Рим, Константинопол и Москва“.

-Се среќаваат католик и православен, и се прашуваат твојот Христос уште не воскреснал? Мојот пред една недела“, изјави тогаш Папата посочувајќи дека „Мораме да се договориме“, околу прославата на исти ден“

Подготвеноста за промена на календарот во Римокатоличката црква се појави и во времето на понтификатот на папата Павле Шести, од 1963 до 1978 година.

Засега се останува само на декларативни иницијативи.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *