Почетна Вера 30 дечиња скокаа по светиот крст во Трубарево
8
7
5
4
3
2
1

30 дечиња скокаа по светиот крст во Трубарево

213
0

Црквата Свети Ѓорги Победоносец во Трубарево и годинава беше место каде по светиот крст за Водици скокаа најмалите. Ова е четврта година по ред како свештеникот во црквата, Отец Бобан организира водосвет на Богојавление во мал базен во кој влегуваат дечиња на возраст од 7 до 11 години.

Годинава имаше пријавено 30 дечиња кои учествуваа во прославата на празникот. За одбележување е што сите дечиња пред да влезат во водите на базенот во дворот на црквата, учествуваат подготвително на светата литургија. Најсреќниот добива убава икона со ликот на Исус Христос и светиот крст. Поклони во форма на икони и крстови добиваат и останатите учесници во прославата на Водици.

 

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *