Почетна Вести Христијанство 1000 километри на велосипед, во чест на 1000 години Бигорски
1000 километри на велосипед, во чест на 1000 години Бигорски

1000 километри на велосипед, во чест на 1000 години Бигорски

284
0

Познатата спортистка, активиста и хуманистка, Мими Стојановска од Струга, во период од неколку дена извози 1000 км., на велосипед во чест на големиот Јубилеј, 1000 години Бигорски манастор,  од кои последните 80 км., од Струга до Бигорски.

Бескрајно и благодариме0 за оваа голема чест и љубов кон нашето десетвековно Светилиште и и посакуваме уште многу нови спортски и хумани предизвици со кои ќе Го слави Бога, велат од Бигорски.

Спортот како нераскинлив дел од моето постоење постојано ме инспирира кон нови животни предизвици. Од таа инспирација, пред извесно време произлезе и проектот „Преку физичка активност да го промениме светот“. Многу е важно во сите спортски активности, исто како во животот, да поставиш јасна цел што сакаш да ја постигнеш. На тој начин борбата и мотивацијата е уште поголема. Годинава се одбележува големиот Јубилеј 1000 години од постоењето на Бигорскиот манастир! Но, за мене, како духовно чедо на ова светилиште, е огромна радост да живеам во време кога се одбележува 1000-годишнината од непрестајната духовност која извира од храмот на Претечата и крстител Јован, под чија што закрила се делата на едно големо срце од кое постојано излева љубовта – срцето на отец Партениј, игумен на Бигорската Обител и епископ Антаниски, вели Стојановска.

Идејата за овој подвиг и била обид да ги спои подвизите во спортот со духовните подвизи. Честопати била придружувана од прекрасни луѓе на кои постојано им зборувавала со која цел вози.

-Целта на последните 80 км., пред вкупно 1000 км., беше да ја споделам мојата радост и љубов во Бигорски манастир, изразувајќи им на монасите неизмерна благодарност за поддршката. Бев придружувана од Жикица Ивановски, долгогодишен спортист – ултра маратонец, како и со поддршка од мојата фамилија. Со симболична плаката за спомен и благодарност на моја преголема радост имав чест да земам благослов и лично да му се заблагодарам на игуменот на Бигорскиот манастир и епископ Атанински, отец Партениј, вели Стојановска.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *