100 години Теологија – професорот Спасеновски на реномирана конференција во Солун

Date:

Share post:

Професорот по уставно право на Правниот факултет Јустинијан Први, Александар Спасеновски учествува на светски реномираната конференција во Солун. Од 29 септември до 1 октомври, се одржува Втората меѓународна академска конференција по повод 100 години од издавањето на реномираниот магазин Theologia, во организација на Светиот Синод на Црквата на Грција и Aristotle University of Thessaloniki.

На воведниот, прв панел на конференцијата, проф. д-р Александар Спасеновски зборуваше на панелот „The Shared Historical and Cultural Experience of the Balkan Countries and the Contemporary Technological Challenges“, заедно со колеги професори од повеќе балкански држави.

Меѓу учесниците беше и сестра Ефимија, магистер од областа на уставното право и докторанд на студиската програма „Политички систем“ на Правниот факултет и отец Бобан Митевски, докторанд на Филозофскиот факултет во Скопје.

На овој настан, присуствше и Вселенскиот Патријарх Вартоломеј, како и поглаварите на Грчката и на Бугарската црква.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img

Поврзани вести

Вселенскиот Патријарх: Незамисливо е православни епископи да се делат по нации

Обраќањето на Вселенскиот патријарх Вартоломеј за време на свечената седница на Светиот Синод на Православната Црква на Романија...

Благословени избори – клеропартизам

Од бакнување рака, преку барање благослови за успешен почеток, до палење свеќи за добро завршен крај. Средби, подароци,...

Првиот муслиман и најмлад градоначалник во историјата на Њујорк – Зохран Мамдани

Зохран Мамдани, кандидат на Демократската партија и член на движењето Демократски социјалисти на Америка, е избран за нов...

САД покажуваат интерес за Света Гора: Ригас во официјална посета на Атон

Американскиот заменик-државен секретар Мајкл Ригас ја оствари својата прва официјална посета на Света Гора – Атон, каде што...